Radia WindRunner стана најголемиот авион во светот

- Advertisement -

Компанијата Radia го развива авионот WindRunner, кој ќе ја преземе титулата најголем авион во светот. Radia ги претстави своите планови за производство на овој авион, кој ветува дека ќе донесе револуција во секторот за обновлива енергија. Имено, авионот ќе има посебна намена – транспорт на колосални турбини на ветар, односно на перките на турбините.

Димензиите на WindRunner ги најдминуваат дури и најпознатите комерцијални авиони. Џиновскиот авион ќе биде долг 108,5 метри, висок 24 метри и ќе има распон на крилата од 79,5 метри. Овој огромен авион го надминува дури и Boeing 747-8, од кој е подолг за дури 32,3 метри. Носивоста на авионот ќе биде 90 тони, што е 12 пати повече од носивоста на Boeing 747.

- Advertisement -

Денешните најголеми турбини на ветар и уште поголемите кои ќе се прават во иднина не може да се транспортираат до главните електрани на копно преку компнена инфраструктура, велат од Radia. Токму таа логистичка препрека послужила како инспирација за проектот WindRunner.

Основачот на компанијата Radia, Марк Линдстром. е ракетен научник кој се образувал на МИТ, а последните седум години работел со тим од инженери на подобрување на дизајнот на WindRunner. Меѓу клучните приоритети било осигурувањето на структурниот интегритет на леталото во текот на полетувањето и слетувањето.

- Advertisement -

Освен решавање на проблемот со ограничувањата на копнениот транспорт, големиот капацитет на WindRunner го отвора патот за уште поголеми копнени турбини. Тие би можеле да бидат дизајнирани за максимално да го искористат потенцијалот на ветрот. Експертите проценуваат дека овие големи турбини може да ја зголемат конзистентноста на производството на електрична енергија за 20% и да ги намалат трошоците за енергија до 35%, што е благодат за индустирјата која станува се позначајна.

Од Radiа тврдат дека WindRunner би можел да полета во рок од четири години, а примарната цел ќе му биде да го забрза растот на енергијата од ветрот.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Radia)

Сподели!
- Advertisement -