Вијаграта не помага само за импотенција, туку и за лекување на Алцхајмер

- Advertisement -


Студија на една клиника во Кливленд, која е најугледната медицинска установа во светот која веќе со години успешно ја води загрепскиот доктор Томислав Михајлевиќ, откри дека силденафилот може да биде ефикасен третман за лекување на Алцхајмерова болест. Оваа стдија се базира на докази од компјутерско моделирање, анализа на податоци за барањата од осигурување и клеточни анализи на мозоците на пациенти со Алцхајмерова болест. Силденафилот е главната компонентна на вијаграта.

Студијата е објавена во списанието Journal of Alzheimer’s Disease, а се базира на претходни научни откритија на истражувачи од 2021 година, кои користеле компјутерски модели за почетна идентификација на слиденафилот како лек за превенција и лекување на Алцхајмерова болест. Сега анализирале милиони барања за осигурување од две независни бази на податоци за пациенти, што покажало 30%-54% намалена честота на дијагнозите на Алцхајмерова болест меѓу пациентите кои земале силденафил.

- Advertisement -

Се покажало дека силденафилот го намалува нивото на нуротоксичниот тау протеи, чија акулумација се поврзува со Алцхајмеровата болест. Откриено е дека неуроните третирани со слиденафил изразуваат гени поврзани со растот на клетките, подобрена функција на мозокот, намалено воспаление и други процеси за кои се знае дека штитат од неурална дегенерација.

(Bug.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -