Илон Маск прави вселенски брод за патување надвор од Сончевиот систем

- Advertisement -

Илон Маск, познатиот визионер, технолошки претприемач и основач на компаниите SpaceX, Tesla, Neuralink и xAI, секогаш е пред своето време и гледа на иднината на поинаков начин од нас.

Ако мислевте дека летвоите до Месечината и основањето колонија на Марс се неговите најдалечни планови за Starship ракетите, не мооже да сте подалеку од вистината затоа што Маск гледа многу подлабоко во вселената.

- Advertisement -

Неодамна на својата социјална мрежа X објави дека постојниот Starship, кој наскоро е лета низ вселената, е дизајниран да го помине целиот Сончев систем и да стигне до објекти кои не опкружуваат, додека идната верзија на Starship ќе биде многу поголема и понапредна и ќе патува до други ѕвездени системи.

Иако уште не се надминати сите препреки кои стојат на патот до враќањето на луѓето на Месечината со Starship во 2026 година, како ни поголемите препреки околупревозот на луѓе на Марс, Маск веќе гледа на меѓуѕвездени мисии, кои уште долго време нема да бидат во плановите на нитуе една вселенска агенција и компанија.

- Advertisement -

Имено, стартувањето на меѓувселенските мисии ќе бара далеку поголем скок во науката и технологијата, што денеска е тешко да се замисли. Човештвото не е ни блиску до развој на вселенски летала кои можат да патуваат меѓу ѕвезди во разумен временски рок затоа што тие растојанија се огромни. На пример, ѕвездата џуџе која е најблиску до нашето Сонце, Proxima Centauri, е оддалечена 4,2 светлосни години од нас. Летањето со постоечките конвенционални ракети би траело десетици илјади години.

Дури и кога би се развил погон каков што предлагаат со иницијативата Breakthrough Starshot, која во 2016 година ја стартуваа Стивен Хокинг и Марк Цукерберг, кој би ги забрзал леталата со соларни едра до 20% од брзината на светлината, патувањето до Proximа Centauri би траело 20 години, а за враќање ќе требаат уште најмалку толку, под услов на рљасполагање да имаме ласерска мрежа за возење назад, што е тешко и да се замисли.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: ERP Today)

Сподели!
- Advertisement -