Каде во светот се користи најмногу интернет и како?

- Advertisement -

Општо е познато дека бројот на корисници на интернет ширум светот забрзано расте. . Генерално гледано, земјите со повеќе жители, главно имаат повеќе корисници на интернет, но тоа не е правило. Клучните статистички показатели се дека од 59,9% до 68,3% од глобалното население е онлајн. Кина е единствена земја во светот со над милијарда корисници на интернет, 24% од корисниците живеат во Источна Азија, Северна Европа, односно нордиските земји имаат најголема стапка на пенетрација на интернет (97,4%). Над 90% од жителите во САД користат интернет, а најмногу време онлајн поминуваат Јужноафриканците – во просек дури 9 часа и 38 минути дневно.

Пораид огромната популација на Кина, не е изненадување дека Кина од сите земји преднички во бројот на корисници на интернет, а се проценува дека има 1,05 милијарди корисници. Имено, 3 од 4 луѓе (74,36%) во Кина користат интернет.

- Advertisement -

Индија е на второ место со нешто помалку од половина од населението (49,15%) или 692 милиони луѓе. На трето место по бројот на корисници на интернет се САД со 311,3 милиони корисници, односно 93,79% од жителите.

Со оглед на тоа дека разликата во бројот на корисници во Кина и Индија е поголем од вкупната популација на која било друга земја, мала е веројатноста дека ќе се смени ситуацијата на првата позиција.

- Advertisement -

Засега само четири земји имаат стака на усвојување на интернет од 99%: Ирска, Норвешка, Саудиска Арабија и ОАЕ.

Отприлика 1 од 4 корисници а интернет живеат во источна Азија, а според најновите податоци, околу 2.85 милијарди луѓе во светот воопшто не користат интернет.

- Advertisement -

Со просечно време од дури 9 часа и 39 минути на интернет секој ден, Јужнофриканците се на прво место. Не заостануваат многу ни жителите на Бразил Филипините, Аргентина и Колумбија, кои се онлајн во просек над 9 часа дневно.

Според последните подстоци, 56,9% од пристапот до интернет во светот е преку мобилни уреди, а останатите 43,1% е од компјутери. Филипинците поминуваат во просек 5 часа и 31 минута користејќи мобилен интернет, што е 1 час и 3 минути повече од глобалниот просек.

Ниту една земја во просек не поминува повеќе време пристапувајќи до интернет преку компјутер од Јужна Африла – 4 часа 25 минути. Тоа е 1 чс и 34 минути повеќе од глобалниот просек, кој изнесува 2 часа и 51 минута.

(Bug.hr)

(фото: Good Fon)

Сподели!
- Advertisement -