Американските вселенски сили ќе ја изведат првата воена вежба во орбитата

- Advertisement -

Американските вселенски сили соопштија дека се здружуваат со приватни вселенски компании како Rocket Lab и True Anomaly за да ја направат првата воена демонстрација во орбитата. Мисијата наречена The Victus Haze Tactically Responsive Space (TacRS) ќе демонстрира како би реагирала војската на агресија во орбитата. Ова е првата мисија, која ја одразува течата воена ескалација во вселенскиот домен.

Во текот на мисијата вселенското летало, кое ќе го направи и ќе го лансира Rocket Lab, ќе го бара сателитот на компанијата True Anomaly. Леталото на Rocket Lab ќе се состане со тој сателит и направи фотографии од близина.

- Advertisement -

Американските вселенски сили издвоија 32 милиони долари за договор со Rocket Lab и 30 милиони долари наменети за True Anomaly. Компаниите, во суштина, ќе симулираат реалистично сценарио на одговор на заканите во орбитата наречено Victus Haze, соопшти Командата на вселенските системи.

Американските вселенски сили сакаат да имаат спремна старетгија за одговор на сценариото во кое непријателот се приближува до еден од американските сателити. Стратегијата ќе се фокусира на брзото распоредување на сателитите кои може да се спротивстават на заканите со воени средства во орбитата и Rocket Lab ќе биде во приправност за лансирање во краток рок. Се очекува дека вежбата ќе биде одржана наредната година.

- Advertisement -

Најавата на новата мисија следува откако американскиот генерал Стивен Вајтинг предупреди на прозорецот на ранливост во вселената. Тој неодамна на Сенатскиот комитет за оружени сили рече дека Кина и Русија ја трансформирале вселената во спорна област за војување. Тој додаде дека Кина брзо напредува во вселената и дека САД морале брзо да ја зголемат правовременоста, квалитетот и квантитетот на клучниот вселенски и ракетен одбранбен систем за да и парира на во однос на брзината и за да ја одржува својата предност.

САД тврдат дека Victus Haze е контрамерка против руската и кинеската воена ескалација, меѓутоа големите светски вселенски сили очекувано се обвинуваат една со друга, а Кина и Русија ги обвинуваат САД за ескалација.

- Advertisement -

Во пракса, секоја воена вселенска мисија е во спротивност на Договорот за вселената од 1967 година, а тоа е основен документ за меѓународните вселенски права. Со компании како Starlink изгледа дека светот влезе во нова ера каде што речиси не се прават никакви напори вселената да остане демилитаризиран домен.

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -