Паметните телефони одамна ги заменија дигиталните фотоапарати, а благодарение на напредокот во хардверот, но и на технологијата за обработка на фотографии и на вештачката интелигенција, мобилните уреди речиси можат да ги заменат и професионалните фотоапарати. Тоа особено важи за моментално најмоќните модели на телефони на пазарот.
Но, изгледа дека конкуренцијата на тој пазар дополнително ќе ја засили конеската компанија Vivo, која подготвува нов модел на смартфон каде што главниот адут ќе биде камерата. Vivo на крајот на минатата година го претстави моделот X100 Pro, на кој GSM Arenа посебно ја издвои камерата. Но, за тиа што сакаат уште подобра фотографска способност и подобар квалитет, компанијата подвотвува уште еден уред кој ќе се појави наскоро на пазарот.
Телефонот најверојатно ќе се појави на пазарот под името X100 Ultra. Од Vivо преку социјалната мрежа Weibo порачаа дека моментално работат на паметен телефон кој всушност ќе биде професионален фотоапарат кој ќе може да се користи за јавување на телефон.
Системот камери на X100 Ultra треба да вклучува главна камера од 50MP со сензорот Sony Lytia LYT-900, потоа ултраширока и телефото камера, и дополнителна перископска камера од 200MP. Од останатите опции, ќе има чипсет Snapdragon 8 Gen 3, поддршка за сателитско поврзување и AMOLED екран со фреквенција на освежување од 120Hz.
(GSM Arena)