Рекорден глобален раст на капацитетот на електраните на ветар

- Advertisement -


Глобалниот капацитет на електраните на ветар минатата година се зголемил за 117 гигавати, што е за 50% повеќе во однос на претходната година и е доволно за да се напојуваат околу 80 милиони домови.

Вкупниот глобален капацитет на енергијата од ветар надмина 1.000 гигавати, се вели вбво годишниот извештај на Светскиот совет за енергија на ветрот Global Wind Energy Council – GWEC.

- Advertisement -

Над 50 земји на сите континенти направија нови електрани на ветар, но Кина повторно предничи со 65%. Новите паркови на ветар во Африка и на Блискиот Исток во однос на 2022 година се зголемени за 182%.

Во извештајот се вели дека Кенија, која веќе добива 17% од енергијата од ветрот и планира нова електрана на ветар со моќност од 1 гигават, која ќе почне со работа од 2028 година.

- Advertisement -

Минатата година веше најдобра кога станува збор за електраните на ветар на копно, со 106 гигавати нови капацитети, додека капацитети на море се зголемиле за 10,8 гигавати.

Сепак, тој раст не е доволен, велат од GWEC и додаваат дека годишниот раст на индустријата за електрани на ветар мора да се зголеми на 320 гигавати до 2030 година за да се исполнат целите на Климатската конференција на ОН (COP28) и да се стопира глобалното затоплување на помалку од 1,5 степени.

- Advertisement -

„Растот е висококонцентриран во неколку земји како што се Кина, САД, Бразил и Германија и потребно е уште многу земји да ги отстранат бариерите и да ги подобрат пазарните рамки за големуање на инсталациите на ветар“ порачуваат од GWEC.

(Beta)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -