ВИДЕО: Дубаи го гради најголемиот аеродром во светот

- Advertisement -


Властите на Дубаи ја најавија изградбата на новиот патнички терминал н аеродромот Ал Мактум, за кој се очекува да стане најголемиот аеродро во светот, а целиот проектќе чини 34,8 милијарди долари.

„Ги одобривме плановите за изградба на нов патнички терминал на меѓународниот аеродром Ал Мактум и почетокот на реализацијата на проектот вреден околу 34,85 милијарди долари“ напиша на платформата X лидерот на Дубаи и премиер на ОАЕ, шеикот Мухамед бин Рашед Ал Мактум.

- Advertisement -

Според него, кога ќе биде изграден терминалот, аеродромот ќе биде најголем во светот, со капацитет од 260 милиони патници годишно. Одговорните за проектот велат дека новиот аеродром ќе биде пет пати поголем од меѓународниот аеродром во Дубаи, кој е еден од најпрометните во светот.

Првата фаза од проектот ќе биде завршена во рок од 10 години и тогаш новиот аеродром ќе може да прими 150 милиони патници годишно.

- Advertisement -

Сместен на периферијата на Дубаи, аеродромот Ал Матум од 2010 година вамау прима мал дел од воздушниот сообраќај на богатиот заливски емират. Тој аеродром треба да ги преземе патниците од меѓународниот аеродром во Дубаи, чиј максимален капацитет е 120 милиони патници, а чија локација во центарот на градот го спречува неговото ширење.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -