Австралиската управа за комуникција и медиуми (ACMA) сооопшти дека целосно ќе ја згасне 3G мрежата во земјата. TPG Telecom, попознат како Vodafone, веќе ја исклучи својата 3G мрежа, двата преостанати оператори тоа ќе го сторат за три и пол месеци. Во краткото соопштение објавено на интернет наведоа дека Telstra и Optus ќе ги згаснат своите мрежи годинава. Telstra ќе го направи тоа на 31 август, а Optus неколку дена подоцна.
ACMA ги потсети корисниците дека 3G нема повеќе да бидат функционални, односно дека нема да можат да испраќаат пораки и да воспоставуваат повици, па дури ни да се јават на броевите за итни случаи.
Оние со 4G уреди кои уште воспоставуваат повици преку 3G мрежа, односно мобилни телефони кои немаат поддршка за VoLTE, исто така ќе бидат засегнати од оваа промена. Корисниците се советуваат да ги контактираат своите оператори за понатамошни упатства. Според ACMA, најголем дел од ризичните уреди се постари 4G уреди купени во странство.
Од Австралиското здружение за мобилна комуникација нагласија дека сите 3G уреди, не само мобилните телефони, ќе бидат засегнати со гаснење на 3G мрежата. Тоа ги вклучува таблет компјутерите, паметните часовници, терминалите за картички, медицинските аларми и другите лични решенија за итни случаи.
(Klix.ba)
(фото: Freepik)