Најосновниот придизвик, но и најзначаен аспект на успешното функционирање на еден бизнис е наплатата на фактури. Во денешно време, кога бизнисите се соочуваат со многу предизвици и динамични промени, ефикасната наплата на фактурите е клучен аспект за одржување на стабилноста и ликвидноста на компаниите. Овој оперативен процес не само што бара многу време и енергија, туку често се претвора и во потреба од непријатни телефонски разговори со клиентите, што може негативно да влијае на професионалната динамика.
Hint by Teva е нов, револуционерен дигитален потсетник, кој го олеснува процесот на наплата на фактури на голем број компании ширум Македонија. Преку испраќање на автоматизирани потсетници, кои ги потсетуваат клиентите навремено да ги платат фактурите, оваа иновативна алатка ја подобрува ликвидноста на компаниите и ефикасноста на нивното бизнис работење.
Инспирирани од личните искуства во дигитализацијата на финансиските процеси, основачите на Hint by Teva, Теа, Ева и Марија, под менторство на Марија Кироска, директорка на кредитирање во HalkBank, ја креираа оваа бесплатна дигитална алатка, која ќе Ви заштеди време и ресурси и ќе Ви помогне да избегнете непријатни разговори со клиентите при наплата на вашите фактури.
Со дигиталните потсетници на Hint by Teva до навремена и ефикасна наплата на фактури
Компаниите во Македонија губат дури 40+ часа месечно на администрација и наплаќање на фактури. Со користење на бесплатната алатка Hint by Teva, во само неколку кликови, можете да поставите и испратите автоматизирани потсетници до вашите клиенти и да го следите статусот на фактурите во реално време. Се што треба да направите е:
1. Регистрирајте се на веб страната на Hint by Tevа.
2. Прикачете фактура во системот.
3. Сетирајте датум на доспевање на фактурата.
4. Поставете потсетници за доспевање на фактурата кои автоматскки ќе бидат испратени до вашите клиенти.
5. Следете го статусот на потсетниците за комплетирање на наплатата.
Освен што го забрзува процесот на наплата, оваа иновативна алатка обезбедува и низа други бенефиции, како подобрување на односот со клиентите, оптимизирање на интерни административни процеси, и заштеда на време и ресурси.
Корисниците за Hint by Teva
Бесплатна алатка Hint byTeva веќе активно се користи од страна на 1000+ сметководители,а управители на бизнис и административци ширум земјава. Во продолжение споделуваме дел од нивните искуства од користењето на Hint by Тeva во нивните секојдневни оперативни процеси:
„Во нашата консултантска дејност, платите се главен трошок и есенцијално е да не доцниме со нив. Тева со своите потсетници ми даде јасна слика кога можам да очекувам плаќања од клиентите, овозможувајќи ми да правам информирани финансиски одлуки. Оваа алатка значително ја зголеми стабилноста на нашите финансии.“ – вели Сања Mитровска, сопственик на Нетворкер.
„Hint by Teva ми помогна да ги избегнам оние непријатни разговори за наплата со клиентите, каде ми е непријатно да ги ‘барам’ моите пари, иако ми се потребни за оперативно работење. Сега Hint by Тeva автоматски ги потсетува клиентите за плаќање, овозможувајќи ми да одржам професионален однос и да се фокусирам на работата.“ – објаснува Иван Ивановски од Venikom.
Hint by Teva е незаменлива алатка за сите кои бараат професионално менаџирање на фактурите. Осигурувајќи ги сите неопходни аспекти за брза и eфикасна наплата, ја подобрува ликвидноста на компаниите и ефикасноста на вашето бизнис работење.
Наскоро доаѓа и софтверот за менаџирање фактури – Teva Horizon.
Hint by Teva е само почеток на патот за подобрување на финансиското управување на малите и средните претпријатија во Македонија. Наскоро доаѓа софтверот за менаџирање на фактури Teva Horizon кој ќе ги трансформира сите аспекти на финансиско работење преку иновативни решенија и алатки. Започнете со навреме наплата денес!
Интегрирајте го Hint by Teva во вашите секојдневни процеси на работа и трансформирајте ја наплатата на фактури во само неколку кликови. За повеќе информации и бесплатен пристап до Hint by Teva, посетете ja веб страната: tevahorizon.mk