ПроКредит Банка и ЕБОР најавуваат конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото

- Advertisement -

На 28 мај во ресторанот Ragusa Rooftop 360 со почеток од 10:00ч ќе се одржи конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото под слоганот „Круг на нови можности“, во организација на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Како дел од новите програми за поддршка, Youth in Business и Women in Business, оваа конференција претставува прв од низата најавени настани за размена на искустваи вмрежување на овие две групи претприемачи, во рамки на мисијата за поддршка на локалните бизниси и промоција на претприемништвото во Македонија.

- Advertisement -

На настанот своите приказни ќе ги споделат истакнати и успешни претприемачи од локалната заедница, Ирена Јакимовска, сопственик и управител на Comfy Angel и Нино Карас, ко-основач на Codewell AI, а ќе се одржи и панел дискусија „Претприемништво – Од предизвици до можности“ во која ќе учествуваат Петар Ниновски, CEO на Brainsterи Основач на Brainster Next Колеџ; Ангела Настевска, внатрешен консултант на Кентаур Импекс; Билјана Менкиноска, менаџер на El Mundo; и Маја Столевска Костадинова, менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР.

Во рамки на конференцијата присутните ќе имаат можност да се запознаат со финансиските поволности за жени претприемачи и младипретприемачи кои се дел од новите бизнис пакети на ПроКредит банка.

- Advertisement -

Повеќе детали за агендата на следниот линк. Местата за конференцијата „Круг на нови можности“ се ограничени. Заинтересираните може да се пријават на отворениот повик кој е достапен на следниот линк.ПР објава

Сподели!
- Advertisement -