Едно белградско кафуле се најде меѓу 50 најдобри во Европа

- Advertisement -

Каде да се напиете добро кафе? Тоа е првото прашање што го поставува секој љубител на овој пијалак кога ќе дојде во некој нов град. Big 7 Travel објави листа со 50 најдобри кафулиња во Европа, а на неа се најде и едно кафуле од Белград.
Станува збор за кафулето „Ужитак“, кое се најде на 37. место на оваа листа.

Како што е наведено, ова место ги користи најдобрите зрна „арабика“ кафе и служи автентични шолји кафе, заедно со избор на слатки задоволства, крафт пива и сокови – тука има по нешто за секого. Посетителите овде ги пречекува музика, дружељубиви гости и љубезен персонал, што придонесува за инклузивната атмосфера што ја зрачи ова кафуле, забележува Big 7 Travel.

- Advertisement -

Загрепски „Quahwa“, кој нуди кафе од различни делови на светот, се најде на 41. позиција, а „Тозд“ во Љубљана е на 22. место.

Не е изненадување што Италијанците се победници на оваа листа – на врвот е Gran Caffe Gambrinus, познато како најдоброто место во Неапол за пиење кафе. Погледнете кои други места влегоа во топ 10.

- Advertisement -
  1. Tim Wendelboe – Осло, Норвешка
  2. Majestic Cafe – Порто, Португалија
  3. Toma Cafe – Мадрид, Шпанија
  4. Good Life Coffee Roasters – Хелсинки, Финска
  5. The Barn – Берлин, Германија
  6. Coffeewerk + Press – Голвеј, Ирска
  7. Ozone Coffee Roasters – Лондон, Обединето Кралство
  8. Drop Coffee – Стокхолм, Шведска
  9. Caravan Coffee Roasters – Лондон, Обединетото Кралство
  10. Gran Caffe Gambrinus – Неапол, Италијa

(Nova.rs)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -