Почнува седмиот Македонски енергетски форум

- Advertisement -

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан.

На отворањето на форумот се најавени обраќања на мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Дејвид Гир, извршниот директор на ЗИП институт Агим Селами и директорот на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан • Анди Добруши.

- Advertisement -

МЕФ е врвен настан во енергетската индустрија, кој ги обединува иноваторите и водечките експерти на дебати за најновите случувања во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и одржливите практики.

Како што посочуваат организаторите, МЕФ оваа година се одвива во постабилна енергетска средина. Повеќето актери закрепнаа од енергетската криза или изградија поголема отпорност кон енергетската нестабилност и енергетски предизвици, но сепак сè уште има многу отворени дискусии.

- Advertisement -

Во пресрет на официјалното отворање на Форумот, синоќа се одржа воведна сесија на тема „Декодирање на деценијата” посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка, енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии.

Сподели!
- Advertisement -