Apple патентираше материјал за екрани кои сами ќе поправаат пукнатини

- Advertisement -

Кога станува збор за уреди со флексибилни екрани, Apple не се брза. Иако имаат планови за ваков тип на уреди, нивното претставување не треба да се очекува за неколку години, а дури и кога ќе се појават, прашање е за кој уред ќе се работи. Се споменуваше дека Apple планира iPad или дури и Mac со флексибилен екран, но само времето ќе покаже какви се нивните планови навистина, бидејќи нема официјални информации.

Но, затоа неодамна беа објавени информации за патентот поднесен од Apple, кој се однесува на флексибилните екрани. Според тој патент, компанијата на Кук би можела да претстави уред со самообновувачки флексибилен екран. На таквите екрани гребнатини и некои помали вдлабнатини можат сами да се поправат и да се санираат, без потреба да се носи уредот на поправка.

- Advertisement -

Самиот патент не се однесува на некој конкретен уред, туку нагласува како таквите екрани би можеле да се користат на телефони, таблети, компјутери, монитори и уреди за носење. Материјалот за самолекување, според тој патент, би можел да го покрие само делот каде што се свиткува екранот или целиот екран.

Интересно е како екранот би можел да заздрави без никаква потреба од никакво дејство на корисникот или надворешна интервенција. Кога ќе се појави вдлабнување во таков материјал за обложување на екранот, тој би можел или да ја пополни добиената вдлабнатина или може да се залечи кога ќе го поврзете уредот со надворешна апликација на топлина, светлина, електрична енергија или некој друг надворешен стимул.

- Advertisement -

Исто така, корисниците би можеле однапред да го одредат редоследот по кој ќе се поправа екранот, односно да се активира самозаздравувањето додека се полни уредот, без разлика дали се работи за безжично полнење или кога уредот е поврзан со кабел.

Патентот на Apple изгледа исклучително интересен, но засега е само патент. Имено, самата пријава на патентот не значи дека компанијата, всушност, ќе презентира таков материјал, односно уреди на кои екраните ќе можат сами да се обновуваат. Од друга страна, добро е да се знае во кој правец размислуваат дизајнерите на Applе и дека постои можност еден ден во иднина да имаме уреди за кои нема да се грижиме доколку ги испуштиме од рака и екранот се оштети.

- Advertisement -

(Android Authority)

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -