Цената на електричните автомобили наскоро ќе се изедначи со бензинците

- Advertisement -

За многу потенцијални купувачи на електрични автомобили најголем проблем е нивната цена. Во споредба со слични модели со мотори со внатрешно согорување, електричните возила се прилично скапи, поради што изборот често паѓа на бензински или дизел мотор наместо на возило со електричен мотор.

Сепак, ситуацијата се менува, можеби дури и побрзо од некои предвидувања. Овој тренд е особено изразен во Кина, каде што цената на многу автомобили со електрични мотори веќе е пониска од онаа на возилата со слични карактеристики со бензински мотори. Bloomberg го посочува падот на цената на батериите како главната причина за намалувањето на цената, што е поттикнато од пониската цена на суровините како што е литиумот, но и од побарувачката за електрични автомобили, која е помала од очекуваното.

- Advertisement -

Овој пад на побарувачката ги изненади производителите на батерии бидејќи доведе до тоа понудата да ја надмине побарувачката, па компаниите мораа да ги намалат цените за да го задржат својот пазарен удел. Во последната година, според Bloomberg, цената на батериите паднала за цели 51%, а по падот на цените на автомобилите во Кина, истото може да се очекува и на другите пазари, вклучувајќи ја и Европа.

Речиси 2/3 од електричните автомобили достапни во Кина веќе се поевтини од споредливите автомобили со мотори со внатрешно согорување, а голем број нови поевтини електрични автомобили се планирани да бидат лансирани надвор од Кина во 20215 и 2206 година, според извештајот на Bloomberg.

- Advertisement -

Глобалните производствени капацитети за литиум-јонски батерии, кога се гледа вкупната моќност на батериите, минатата година беа повеќе од двојно поголеми од побарувачката, а ваквата состојба, односно многу повисоките капацитети во однос на побарувачката, треба да продолжи и во иднина. Имено, за ова треба да придонесат западните земји, кои се обидуваат да го држат чекорот со Кина во однос на производството на батерии.

Побарувачката која е поголема од понудата и влијае на падот на цената секако е одлична вест за сите потенцијални купувачи, на кои автомобилите со електромотори ќе им станат подостапни. Исто така, треба да се нагласи дека постојните планови на некои автомобилски компании се повеќе се фокусираат на поевтини електрични возила и ќе биде интересно да се види како овие промени ќе влијаат на состојбата на пазарот, односно колку ќе се зголеми учеството на е-возилата во севкупниот пазар.

- Advertisement -

Bloomberg споменува уште една причина зошто пониските цени за автомобилите и батериите треба да останат во иднина, дури и во случај на голема побарувачка за е-возила. А факт е дека кинеските и другите автомобилски компании инвестираат се повеќе пари во истражување и развој, како и во автоматизирано производство и нови фабрики. Сето тоа треба да се одрази во намалувањето на цените на батериите и возилата.

(Auto Express)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -