Копенхаген ги наградува туристите кои користат јавен превоз или велосипеди

- Advertisement -

Главниот град на Данска, Копенхаген, покрена нова иницијатива за промовирање на природниот туризам на поеколошки начини на транспорт низ градот, вклучувајќи велосипеди и јавен превоз. Иницијативата наречена CopenPay предвидува награди за туристите кои користат одржливи форми на транспорт.

Туристите кои ќе одлучат да патуваат со јавен превоз или со велосипед, наместо со автомобил или такси, ќе бидат наградени со различни погодности: од попусти, бесплатно кафе, безплатен влез во музеи и дополнителни 20 минути скијање на падините на Амагер Баке.

- Advertisement -

„Знаеме дека има голема разлика меѓу тоа што планираат да го потршат туристите пред да дојдат и тоа што се случува откако ќе дојдат тука. Знаеме дека четворица од петмина се подготвени да се однесуваат одржливо, но само еден од нив го прави тоа“, велат од Wonderful Copenhagen, официјалната туристичка организација на областа Копенхаген.

Според Wonderful Copenhagen, вкупно 24 атракции, вклучувајќи ресторани и изнајмување кајак, учествуваат во новата зелена шема. Една од шартнерските атракции, GoBoat, на туристите ќе им нуди бесплатно возење со чамец, во текот на кое ќе треба да собираат ѓубре од каналите.

- Advertisement -

Банегарден, најпознатата дестинација за храна и култура во центарот на Копенхаген, нуди бесплатен ручек за посетителите кои учествуваат во активности како што се чистење на ѓубре во и околу нивната локација.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -