Со „Стартап финансирање“ даваме сериозен импулс на претприемачкиот дух во земјава

- Advertisement -

Со м-р Маја Гогоска, раководител на одделението за развој и продажба на средни претпријатија во Дирекцијата за маркетинг и продажба на микро, мали и средни претпријатија во Халкбанк разговаравме за поддршката кон микро, малите и средни претпријатија со особен фокус на жените и младите во градење на успешни бизниси.

Новинар – Верица Јорданова

- Advertisement -

Халкбанк во земјава е препознатлива како банка која е голем поддржувач на микро, малите и средни претпријатија (ММС). Која е причината што во фокусот на банката е токму оваа категорија компании?

ХалкБанк е препознатлив бренд кој во своето долгогодишно искуство посебно внимание посветува на поддршката во микро, малите и средни претпријатија. Ваквата посветеност кон овој сегмент е поради можноста за опфат на поголем број бизниси од различни дејности преку што како банка имаме простор да учиме и да ги имплементираме потребите од клиентите во нашите банкарски продукти. Дополнително, дисперзијата на нашето портфолио е тоа што ни овозможува поголема сигурност и стабилност во работењето и можност за наша финансиска едукација на значителен број на ММС компании, кои успешно се позиционирани на македонскиот пазар.

- Advertisement -

Колкав обем на кредитирање на корпоративниот сектор имавте ланската година и колку тука се најдоа ММС претпријатија?

Ланската  година за нас беше една од поуспешните години во работењето. Во вкупното кредитирање забележавме остварувања во секој сегмент од работењето и тоа кај големите клиенти, микро, малите и средни претпријатија, како и во делот на население. ХалкБанк АД Скопје во 2023 година се наоѓа на првото место во банкарскиот сектор според пораст од 97 милиони евра во корпоративно кредитирање, додека во вкупно кредитно портфолио за правни лица го бележиме второто место со портфолио од 607 милиони евра. Од кредитното портфолио на банката за правни лица, 45% од портфолиото се од ММС претпријатијата. Согласно бројот на кредитни изложени правни лица, дури 95% од вкупниот број се од сегментот на микро, мали и средни претпријатија.

- Advertisement -

Кога зборуваме за оваа категорија претпријатија, постојано имате новитети, односно воведувате производи насочени кон одредена категорија на претприемачи. По што се водите кога одлучувате да воведете нов производ?

Потребите на клиентите и нашите идеи како вработени стекнати од долгогодишното банкарско искуство се основен двигател за формирање предлози за воведување нов производ. И тоа е еден од приоритетите на Секторот за маркетинг и дигитално банкарство. Учеството на конференции, настани и семинари дополнето со соодветна едукација ни нуди можност за конципирање на основите на производот кој го воведуваме во палетата на банкарски производи. Во секојдневното работење една од обврските ни е и истражување односно следење на пазарот, кое, исто така, влијае врз одлуката за креирање на нов производ.

Ланската година го воведовте „Пакетот за жени“ како посебен производ наменет за жени претприемачи. Имавте многу кампањи во насока на поддршка на женското претприемништво. Зошто се одлучивте да посветите посебно внимание на жените претприемачи и каков е одѕивот за користење на овој производ?

Сакам да напоменам дека проектот наменет за жени претприемачи е мојот омилен проект, во чија подготовка директно учествував. Може да се каже дека не се работи само за одреден производ, туку за платформа која ја започнавме ланската година и која ја унапредуваме и сакаме да стане наш долгогодишен успешен проект. Целта на воведувањето е пред сѐ овозможување на меѓусебна поддршка помеѓу жените претприемачи, кое го воспоставивме преку организација на неколку настани, како и истакнување на финансиската независност, храброст и слобода на жената во општеството. Финансиската едукација е наша секојдневна обврска која постојано ја нудиме на нашите клиенти и клиентки. Целиот „пакет за жени” опфаќа голем број поволности и бенефити со кои мотивирачки влијаеме на унапредување на женското претприемништво. Самата платформа е отворена за проширување и од моментот на воведување, па се до денес, ја унапредуваме согласно потребите на нашите клиенти и досега од истата бележиме одлични резултати и многу позитивни коментари.

Рековте дека одлуката за воведување на одреден производ насочен кон одредена категорија претприемачи е резултат на внимателно следење на пазарот и неговите потреби. Што поконкретно беше поттик на најновиот производ „Стартап финансирање“?

Во процесот на развивањето на платформата наменета за жени претприемачи се соочивме со потреба за воведување нов производ за новооснованите компании. Долго работевме за воведување на производот за „стартап финансирање” и истиот успешно го лансиравме оваа година. Искуствено како банка и пред воведувањето на стартап кредитот сме имале можност за одобрување кредити за новоосновани компании, но за тоа сме го анализирање работењето од фирмите кои се поврзани со новата компанија. Сега првпат овозможивме финансиска поддршка за стартап бизниси единствено  според деловен план во кој се содржани опис, проекциите и најважно идејата на претприемачот.

Искрено, ни беше предизвик како вработени во банката да вршиме анализа на сметководствена документација, да направиме нешто ново за што е потребно покрај проекциите да ја анализираме и бизнис идејата и да го препознаеме претприемачкиот дух. Од воведувањето на производот можам да кажам дека имавме неколку успешни состаноци со наши потенцијални клиенти, на кои се запознавме со доста креативни но и издржани бизнис идеи.

Што содржи новиот производ и кој може да аплицира за кредитна поддршка?

Производот е наменет за новоосновани претпријатија и претпријатија основани во изминатата година. Може да аплицира секое правно лице кое има подготвено деловен план со содржина пропишана од страна на банката. Со самата подготовка на унифициран бизнис план вршиме патоказ на претприемачот за овозможување на финансиска поддршка и полесен начин за апликација. На еден начин сакаме бизнис идејата да ја преточиме во хартија со што ќе дадеме финансиска едукација и ќе градиме заеднички развој низ годините.

Какви други производи наменети на одредена категорија компании нуди Халкбанк?

Широка палета на банкарски производи е понудата на ХалкБанк АД Скопје. Покрај кредитните производи наменети за правни лица со кој се дава поддршка за инвестиции, за проектно финансирање или тековно работење, како банка нудиме  производи и за денарски и девизен платен промет, дигитално банкарство, смарт сефови, меѓународно банкарство, осигурување. Фокусирани сме на постојано зголемување на нашата понуда на банкарски продукти и согласно потребите во одреден временски период вршиме адаптација на производите за постоечките и новите клиенти.

Сподели!
- Advertisement -