Македонските ученици и студенти во Хрватска ќе може да учат под истите услови како хрватските

- Advertisement -

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денес со министерот за образование, наука и млади на Хрватска, Радован Фукс потпиша нова четиригодишна програма за соработка. Оваа соработка значи дека учениците државјани на едната држава имаат право да се школуваат во другата под условите што важат таму додека во високото образование, школарината е иста како и за домашните студенти.

Со новата спогодба се унапредува изучувањето на македонскиот, односно хрватскиот јазик со дополнителни стипендии и продолжува доделувањето стипендии за напредни студии на високообразовни установи во двете земји. Билатералната соработка предвидува поттикнување на размената на искуства за достигнување на високите европски образовни стандарди и овозможува поддршка во рамки на различните програми на Европската Унија и регионалната програма CEEPUS“, велат од МОН.

- Advertisement -

Соработкатамеѓу двете држави датира од 1995 година, кога е потпишан првиот билатерален договор за културна и просветна соработка.

(Радио МОФ)
Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -