„ZEN инклузивно soirée“ – 31 лице со попреченост ќе учестува во модна ревија за општествена инклузија

- Advertisement -

На 25 септември, на терасата на Музејот на современата уметност во Скопје, Здружението Икуалити ќе се обиде да ги прошири хоризонтите на скопската модна култура, промовирајќи високи вредности на општествена инклузија и отворено општество преку настанот „ZEN Инклузивно soirée“.

„Настанот ZEN Инклузивно soirée има за цел да приреди уникатно искуство на 31 лице со попреченост преку креирање на адаптирана гардероба во која тие ќе продефилираат на модната ревија. Овој културен настан ќе биде надополнет со префинета музичка програма, кулинарско уживање и ексклузивна изложба на портрети на лицата со мисија, во кои ќе ужива публиката од модниот и културниот свет“, соопштуваат од Икуалити.

- Advertisement -

Како што велат, „Инклузивното soirée“ е настан на кој главни актери ќе бидат лицата со уникатни способности, директно вклучени во процесот на моделирање и креирање на колекцијата на адаптирана гардероба изработена по индивудална мерка.

„Истата ќе биде подарена во целост по завршување на настанот на овие лица, кои гордо ќе прошетаат по модната писта и ќе имаат можност да ги артикулираат своите предизвици и способности, како и да ја промовираат потребата за нивно активно општествено вклучување и унапредување на квалитетот на животот“, велат од Икуалити.

- Advertisement -

Според нив, мисијата на „Инклузивното Soirée“ е преку верба во повисока цел „да креира ненадминлива позитивна енергија која ќе ги руши бариерите за најранливите и маргинализираните и да постави пример за почитување на меѓусебните различности, преку создавање на заедништво и креативни решенија кои водат кон поквалитетен живот“.

Сподели!
- Advertisement -