McCann Skopje и Халкбанк се македонските финалисти на Golden Drum 2024

- Advertisement -

Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ги соопшти финалистите за своето јубилејно 30. издание, кое ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2024 година во Порторож, Словенија.

Согласно изборот на меѓународното стручно жири на фестивалот, единствените македонски финалисти на Golden Drum 2024 се агенцијата McCann Skopje и клиентот Халкбанк АД Скопје.

- Advertisement -

Нивната заедничка кампања „Стартап пакет“ успеа да се најде меѓу финалистите во категориите „Надворешно огласување“ и „Креативна ефективност“. Истата кампања беше пријавена во уште три дополнителни категории („Иновација“, „Медиумска извонредност“ и „Креативна употреба на медиумите“), но не успеа да влезе во нивниот потесен избор.

Кампањата е инспирирана од приказните за почетоците на голем број познати светски брендови, кои што својот бизнис го почнале во гаража. Целта е мотивација на сите млади луѓе кои што сакаат да започнат бизнис врз основа на некоја лична идеја. Притоа, со поставените мотивирачки пораки на скопските гаражи, Халкбанк се позиционира како искрен поддржувач на претприемачите чии идни проекти ќе ја обликуваат и ќе ја унапредат македонската економија.

- Advertisement -

(Marketing 365)

Сподели!
- Advertisement -