Инфографик на Радио МОФ: Кој земаше највисока, а кој најниска плата во октомври?

- Advertisement -

Просечната нето-плата по вработен во октомври 2024 година изнесува 42.134 денари, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 108.5.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %)“, велат од ДЗС.

- Advertisement -

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите Дејности во врска со недвижен имот (7.5 %), Образование (5.0 %) и Градежништво (3.1 %). Разликата меѓу највисоката и најниската плата во октомври изнесува 74.170 денари.

Во продолжение погледнете го визуелниот приказ кој го подготвивме за десетте највиоско и најниско платени дејности во октомври 2024.

- Advertisement -

(Радио МОФ)

Сподели!
- Advertisement -