Македонскиот пасош се најде на 40. место во светот според новото рангирање кое го спроведува консултантската компанија „Henley & Partners“. Истото место, Македонија го дели со Црна Гора и Маршалските Острови.
Со македонскиот пасош без визи може да се патува во 129 земји. Од соседните држави, најдобро позиционирани се Грција – на шестото место. Бугарија е на 15. место, Србија на 34. место, додека пасошот на Албанија е на 43. место и Косово на 63. место.
Најмоќен пасош во светот е германскиот со кој може да се патува во 177 земји без визи, додека најлошо рангиран е авганистанскиот со кој може да се патува во 25 земји без визи.
Како што наведуваат од консултантската фирма, со историски податоци кои опфаќаат период од 19 години, Индексот на пасоши е единствениот од ваков вид базиран на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Индексот вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.
(Радио МОФ)
Фото – Pixabay