Највредниот бренд во светот, втора година по ред е Apple, бидејќи неговата вредност минатата година се зголеми за 11% на 547,5 милијарди долари. Ова го покажа студијата Brand Finance Global 500.
Второто место на ранг листата повторно го зазеде брендот Microsoft, чија вредност се зголеми за 35%, на 461,1 милијарда долари. Tретото место му припадна на Google со пораст од 24% на 413 милијарди долари, а четвртото место му припадна на Amazon, со пораст од 15%, на 356 долари.
Брендот Walmart напредуваше од шестото на петтото место, а неговата вредност скокна за 42%, на 137,2 милијарди долари.
Во првите десет највредни брендови се вклучени Samsung, чија вредност се проценува на 110,6 милијарди долари, TikTok со 105,8 милијарди долари, Facebook со 91,5 милијарди долари, Nvidia со 87,9 милијарди долари и State Grid Corporation of China (SGCC) со 85,6 милијарди долари.
Deutsche Telekom е препознаен како најскап бренд во Европа и се наоѓа на 11. место во целокупното рангирање, при што неговата вредност се зголеми за 16%, на 85,3 милијарди долари.
Топ 500 највредни брендови вклучуваат 193 американски брендови, кои сочинуваат повеќе од половина од вкупната вредност на целата листа. На рангирањето е претставена Кина со 69 марки, а Германија со 27.
Вкупната вредност на топ 500 највредни светски брендови порасна за 10% во изминатата година, на речиси 9,5 трилиони долари.
(021)
(фото: Flickr)