Стартуваат два енергетски инвестициски проекти вредни 55 милиони евра

- Advertisement -

Изградба на фотоволтаична електроцентрала „Битола 2“ и реализација на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“ – ЕСМ доби кредит од 55 милиони евра од германската развојна банка за два капитални проекти кои според власта се исклучително важни за зголемување на енергетската независност. Централата ќе се гради во рамките на РЕК Битола и ќе произведува струја за 20 илјади домаќинства, а ветерниот парк ќе добие нови четири ветерни турбини со што ќе го зголеми производството на енергија. Премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на договорот меѓу ЕСМ и германската банка која поддржува претприемништрво на мали и средни претпријатија рече дека  енергетската незавиност и ефикасност е цел на владата и поле за жестока работа.

Енергетската незавиност и ефикасност е нашата цел и поле за жестока работа. Контиунирано имаме средби и со потенцијални инвеститори за изградба на конгенеративна централа, за која има повеќе заинтересирани инвеститори. И морам да кажам дека сите се пазарно ориентирани инвестиции, а не како што беше претходно кога беа прогласувани за стратешки инвеститори. Целата држава, но и Скопје има голем пазар за топлинска и електрична енергија кој може да биде исплатлив за секој инвеститор. Вие знаете дека само еден дел на Скопје е опфатен со парно греење,а останатите жители, бидејќи немаат друга опција се снаоѓаат со греење со фосилни горива и гуми, масло – објасни Мицкоски на прес-конференција во Владата.

- Advertisement -

Од Германија стигна силна поддршка за патот на Македонија кон климатска трансформација. Директорот на ЕСМ пак е дециден дека со новиот циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергиј ќе се постигнат европските норми.

Во однос на изградбата на когенеративната централа со која ќе се произведува енергија и топлина во ист процес, а ќе има помало аерозагадување и пониски сметки за струја и парно, Мицкоски вели дека владата одржува средби со потенцијални инвеститори кои се заинтересирани за ваков проект.

- Advertisement -

(Алфа ТВ)

Сподели!
- Advertisement -