Научниците предупредуваат дека австриските глечери би можеле да исчезнат во блиска иднина поради климатските промени.
Со цел да се зачува барем дел од ледената маса, порастот на глобалната температура треба да се одржи под 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период, според студијата на австриско-британскиот тим објавена во списанието The Cryosphere.
Во регионите Оцтал и Стубаитал, пет глечери веќе целосно се стопиле помеѓу 2006 и 2017 година,.
Коавторот на студијата, Фабиен Маусион од универзитетите во Бристол и Инсбрук, предупредува дека времето за навремена реакција брзо истекува.
Прогнозата на студијата се однесува на глечерите во провинцијата Тирол, но нејзините резултати можат да се применат на цела Австрија.
„Гледаме како исчезнуваат глечерите. Остатоците од мраз кои повеќе не се движат или имаат област за хранење, всушност веќе не се глечери” вели професорот Маусион.
(Al Jazeera)