Кина сака да постави нуклеарен реактор во својата база на Месечината

- Advertisement -

Првичните планови за Меѓународната истражувачка станица на Месечината (ILRS), предводена од Кина и Русија, вклучуваат изградба на нуклеарен реактор на површината на Месечината. Презентацијата на Пеи Жаоју, главен инженер на кинеската мисија Chang’e-8 во 2028 година, покажува дека снабдувањето со енергија на идната база може да зависи и од големите соларни панели што ќе се градат на земјиниот сателит.

Целта на мисијата Chang’e-8 е да се постават темелите за изградба на постојана лунарна база со екипаж. Кина има амбиции да стане водечка вселенска сила и да спушти астронаути на Месечината до 2030 година. Таа цел се совпаѓа со поамбициозниот план на НАСА, чија програма Artemis има за цел да испрати американски астронаути на површината на Месечината во декември оваа година.

- Advertisement -

Ву Веирен, член на Кинеската академија за инженерство и главен дизајнер на кинескиот проект за истражување на Месечината, минатата година рече дека основниот модел на ILRS на јужниот пол на Месечината ќе биде изграден до 2035 година. Мисијата Chang’e е дел од фазата на изградба на тој модел, нагласи Ву.

Кина во иднина ќе го лансира „Project 555“, со кој сака да покани 50 земји, 500 меѓународни научни институции и пет илјади научници да се приклучат на ILRS.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -