Русија сака да изгради орбитална станица со свој „облак“ од сателити

- Advertisement -

Русија планира во земјината орбита да изгради сопствена орбитална станица која ќе се вика ROSS, открива Владимир Соловјов, главен дизајнер на корпорацијата Energia Space Rocket. Ескадрила од сателити можеби ќе биде направена токму за ROSS.

„Веруваме дека тоа ќе биде нешто ново во вселенската технологија ако облакот од вселенски летала лета на 100 до 200 км од станицата и секое има своја специфична задача“ изјави Соловјов.

- Advertisement -

Идната руска орбитална станица ќе има и модул со надворешна платформа за одржување, поправка и полнење со гориво на вселенските летала, додаде Соловјов. Ако нешто се случи на некој сателит, мало летало ќе може да се приближи и да ја доведе до вселенската станица.

Корпорацијата за вселенски ракети Energia е спремна да се фати во корстец со тој проект ако ја добие таа задача, порача Соловјов. Во април годинава заменик премиерот на Русија најави дека Русија ќе почне со проектот за изградба на сопствена вселенска станица поради состојбата на Меѓународната вселенска станица, Подоцна шефот на Roscosmos, Дмитриј Рогозин, изјави дека корпорацијата Energia добила задача да го направи првиот основен модул за руската орбитална станица до 2025 година, работа која веќе е во тек.

- Advertisement -

(TASS)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -