Apple го преместува целото производство на iPhone во Индија

- Advertisement -


Американската технолошка компанија Apple планира производството на сите телефони iPhone за американскиот пазар да го пресели во Индија до крајот на следната година. Компанијата претходно се обидуваше да ги диверзифицира своите синџири на снабдување, но сега има намера да го забрза овој процес, пишува Financial Times (FT), повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Компанијата од Купертино сака да го забрза својот излез од Кина за да ги ублажи ризиците кои произлегуваат од царините и геополитичките тензии. Во пракса, ова значи дека Apple ќе мора приближно да го дуплира своето годишно производство на iPhone во Индија на повеќе од 80 милиони уреди, додаваат изворите.

- Advertisement -

Apple продава повеќе од 60 милиони iPhone годишно во САД, што претставува приближно 28% од нејзината глобална продажба. Њујоршката агенција објави претходно овој месец дека Apple произвела iPhone во вредност од 22 милијарди долари во фискалната година што завршува во март 2025 година, што е зголемување за речиси 60% во однос на претходната фискална година, пишува Bloomberg.

Apple моментално произведува една петтина од сите свои телефони iPhone во Индија, но Кина останува нејзината најголема производствена база.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -