ОН предупредуваат: Овие работни места се поранливи на влијанието на вештачката интелигенција

- Advertisement -


Работите кои традиционално ги извршуваат жените се поранливи на влијанието на вештачката интелигенција отколку работните места што ги извршуваат мажите, особено во побогатите земји, покажува извештајот на Меѓународната организација на трудот на ОН (МОТ).

Извештајот покажува дека 9,6 проценти од традиционално женските работни места и 3,5 проценти од работните места кои се сметаат за машки ќе се трансформираат под влијание на вештачката интелигенција, особено во административните и службеничките работни места.

- Advertisement -

Човечкото учество ќе продолжи да биде клучно за многу задачи и улогите најверојатно радикално ќе се променат, а не ќе исчезнат, се додава во извештајот.

Работните места во медиумите, развојот на софтвер и финансиите исто така се на прагот на вештачката интелигенција да ги прошири своите когнитивни способности.

- Advertisement -

Таквата изложеност на вештачка интелигенција не подразбира непосредна автоматизација на цела професија, туку потенцијал за зголемено споделување на задачите што треба да се извршуваат со користење на оваа технологија, се додава во извештајот.

Извештајот ги повикува владите и здруженијата на работодавачи и работници да размислат како вештачката интелигенција би можела да се искористи за да се зголеми продуктивноста и квалитетот на работата.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -