One UI 8 пристига и раниот пристап е сега достапен преку неговата бета програма, со која започнува нова ера на софтверска интелигенција која носи вистински мултимодален AI агент дизајниран за различни фактори на форма на Samsung Galaxy уредите.
One UI е интегрираната софтверска платформа на Samsung, дизајнирана да им помогне на Galaxy уредите да ги поедностават секојдневните рутини и да ја зголемат продуктивноста и удобноста. Благодарение на партнерството меѓу Samsung и Google, One UI 8 ќе ја има својата премиера ова лето на најновите уреди на преклоп на Samsung, и постепено ќе се проширува на повеќе Galaxy уреди, за корисниците да можат да уживаат во збогатено, повеќе персонализирано мобилно искуство со најновиот Android.
Преку отворена комуникација, Samsung и Google активно ги споделија своите системи за дизајн и повратни информации во реално време, забрзувајќи го развојот на софтверот и правејќи ја One UI 8 една од првите UI платформи која го усвои Android 16.

Покрај тоа што ја претставува првата генерација на надградби што се лансираат заедно со новите уреди на преклоп, со лансирањето на One UI 8 исто така започнува нов ритам за еволуцијата на софтверот на Samsung со големи надградби на UX и AI. Прв увид во оваа иновација можете да остварите преку пријавување за бета програмата што започнува денес, почнувајќи со Galaxy S25, S25+, и S25 Ultra во САД, Германија, Кореја и Велика Британија.
Персонализирана AI за безпрекорни и природни интеракции
Официјалното лансирање на One UI 8 ќе воведе AI искуство кое вашето секојдневие ќе биде попаметно и поудобно, преку подобрување на AI функциите кои првпат беа претставени со серијата Galaxy S25. Три главни фактори ја овозможуваат оваа иновација: мултимодални способности, UX прилагоден на различни фактори на форми на уредите и персонализирани, проактивни предлози. Интелигентната мултимодалност ви овозможува природна, безпрекорна комуникација со AI која разбира што гледате во моментот. Ажурираниот UX е оптимизиран за уникатни форми на уреди во Galaxy портфолиото на производи, зголемувајќи ја вашата секојдневна продуктивност и ефикасност. One UI 8 исто така ќе го препознае вашиот контекст, нудејќи персонализирани, проактивни предлози кои го поддржуваат вашето уникатно секојдневие. Функции како Now bar¹ и Now brief² ќе понудат уште повеќе прилагодени информации и предлози кои ќе ви помогнат да бидете на нивото на задачите и да го поддржувате своето секојдневие, преку курирани AI информации.
Ова интелигентно, персонализирано AI искуство не дојде од никаде. Тоа е овозможено од силна безбедност која ги штити вашите податоци. Samsung Knox Vault комбинира посебен безбеден процесор со безбедна меморија за да ги изолира чувствителните податоци од останатите податоци на вашиот уред и да осигура дека никој друг не може физички или далечински да пристапи до вашите лични информации. One UI 8 исто така обезбедува поставки каде можете да изберете да ги процесирате податоците само на уредот, бидејќи многу од нашите Galaxy AI искуства користат и обработка на уредот и обработка во облак. Со транспарентност и избор на корисник како основа, One UI 8 ќе обезбеди персонализирано AI искуство без да се компромитира приватноста.
Подобрена секојдневна удобност
One UI 8 нема да ви обезбеди само AI искуство, туку вклучува и удобни, интуитивни алатки дизајнирани да го направат вашето секојдневие со мобилните уреди уште поедноставно. Auracast³, технологија за аудио пренос базирана на Bluetooth LE Audio⁴, ќе поддржи лесно аудио поврзување преку скенирање на QR кодови и споделување, овозможувајќи повеќе уреди⁵ Auracast – како Galaxy Buds3 и слушни апарати – да се приклучат на заеднички аудио стрим без потреба од сложена рачна конфигурација. Дополнително, поддршката за корисниците во сервисните центри ќе биде побрза и попогодна, благодарение на поддршката со QR и NFC⁶ што е достапна директно во Samsung Account. Сега можете да се регистрирате со QR и NFC без да пополнувате било какви регистрациони формулари, што го намалува времето на чекање и го поедноставува процесот на пријавување.
Апликацијата Reminder ќе ве поддржува на патувањата со поголеми и интуитивни функции. Ако планирате патување во Њујорк со вашето семејство, можете да ги управувате сите ваши потсетници на едно место штом ја отворите апликацијата со UX, што е лесен за употреба дури и за прв-пат корисници. Можете исто така да ја споделите листата со потсетници која е полна со задачи за време на вашето патување, со вашето семејство и пријатели само со едно притискање на копчето. Кога рацете ви се полни со торби, можете да додавате потсетници додека сте во движење, бидејќи апликацијата е овозможена со глас.
Споделувањето на сеќавања со семејството и пријателите ќе биде полесно од било кога со подобрената Quick Share⁷. Со едно тапнување на копчето Quick Share во Quick Settings панелот, ќе можете инстантно да испраќате и примате датотеки.
Иднината на Galaxy AI започнува сега. Пријавете се преку апликацијата Samsung Members за да бидете меѓу првите што ќе ја искусат моќта на One UI 8.