Домашни и странски експерти во посета на „Раде Кончар Сервис“, прва компанија за деконтаминација на трансформатори базирана на зелена технологија

- Advertisement -

Моделот на современ третман на опасниот отпад базиран на зелената технологија која се применува во процесот на деконтаминација на трансформатори во компанијата „Раде Кончар Сервис“, беше презентиран пред домашните и странските експерти, кои беа во техничка посета на компанијата во рамките на шестата конференција во организација на Македонската асоцијација за управување со отпад MaSWA, што се одржа во Скопје на 29 и 30 ти мај, 2025 година.

„Раде Кончар Скопје“ е прва и единствена компанија од ваков вид во земјата но и на Балканот, која нуди решенија за третирањето на опасниот отпад во овој регион.  Во рамките на техничката посета на компанијата, беше презентирана современата технологија за деконтаминација на трансформатори, контаминирани со опасни материи полихлорирани бифенили(ПХБ) а беа споделени и досегашни искуства во областа.  

- Advertisement -

Раде Кончар Сервис Скопје досега успешно има деконтаминирано и обработено повеќе од 1000 тони ПХБ трансформатори од земјата и Црна Гора, што е директна потврда за експертизата на компанијата, капацитетот и нејзините потенцијали.

„Активностите на кои е базирана нашата компанија не е резултат само на успешен бизнис модел, туку истовремено и модел кој нуди темелни еколошки решенија, кои спречуваат долгорочно загадување на околината, креираат здрава животна средина и промовираат зелени технологии базирани на принципите на кружната економија. Нашата експертиза и знаење придонесува за јакнење на капацитетите на земјата во напорите за соодветно постапување со опасниот отпад, а потенцијалите за развој се големи затоа ние продолжуваме посветено да работиме и да инвестираме во иден развој“, истакна при посетата Влатко Трајкоски, менаџер за управување со отпад во „Раде Кончар Сервис “

- Advertisement -

Деконтаминирање на трансформатори контаминирани со ПХБ на соодветен начин и базирани на технологии на зелени практики, е од огромно значење за заедницата. Полихлорираните бифенили (ПХБ) се перзистентни органски загадувачи (ПОП) некогаш користени во трансформатори, сега забранети според Стокхолмската конвенција поради нивната екстремна токсичност. Неправилното ракување со ПКБ може да доведе до сериозна контаминација на почвата, водата и воздухот, што влијае и на екосистемите и на човечкото здравје.

Придонесот на компанијата кон зачувување на животната средина, промовирање на зелени решенија и кружна економија и придонес за приближување на земјата кон Европската унија се препознаени од заедницата. Преку проектот Еко Зрак на Балканот, „Раде Кончар Сервис“ доби бројни награди за својата улога за заштитата на животната средина и одржливиот развој во Југоисточна Европа.

Сподели!
- Advertisement -