Произведено гориво од лименки кока-кола и морска вода

- Advertisement -

Научници од американскиот Институт за технологија на Масалусетс (МИТ) развија револуционерна технологија на производство на чист водород користејќи рециклирани лименки од кока-кола и морска вода, што би можело да обезбеди поевтина и многу поеколошка алтернатива на постоечките методи за производство на ова гориво. Овој метод драстично ги намалува емисиите на јаглерод диоксид и во исто време користи лесно достапни и обновливи суровини.

Процесот користи алуминиум од лименки, кој може да произведе водород кога е во контакт со вода. Сепак, природниот оксиден слој на површината на алуминиумот обично ја блокира оваа реакција. Научниците пронајдоа решение користејќи специјална легура на галиум и индиум што го отстранува овој оксиден слој и му овозможува ефикасно да реагира со морската вода, ослободувајќи чист водород.

- Advertisement -

Во споредба со стандардното производство на водород (кое создава околу 11 кг CO2 на килограм водород), процесот на MIT создава само 1,45 кг CO2, што е на исто ниво со зелените технологии, како што се производството генерирано од сонцето или ветерот. Покрај тоа, трошоците за производство се околу 9 долари за килограм, што го прави конкурентен со другите одржливи извори.

Наместо транспорт на водород (што е скапо и комплицирано), идејата на тимот на МИТ е да се транспортираат претходно обработени алуминиумски пелети до бензинските пумпи, особено во крајбрежните региони, каде што потоа се комбинираат со морската вода за да се произведе водород веднаш. Ова значително ги намалува логистичките трошоци и ризици.

- Advertisement -

Процесот, исто така, произведува боемит, материјал кој се користи во производството на електроника и полупроводници, што обезбедува дополнителни економски придобивки и придонесува за економичноста на технологијата.

Веќе е направен прототип кој може да напојува електричен велосипед неколку часа, а успешно е докажана и способноста за напојување на мал автомобил. Истражувачите работат на енергетски системи за чамци и подводни возила, отворајќи нови можности за апликации во изолирани и крајбрежни области.

- Advertisement -

(IDR)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -