ВИДЕО: Ова е новиот највисок мост во светот

- Advertisement -


Највисокиот мост во светот беше завршен во кинеската покраина Гуиџоу. Мостот на Големиот Кањон Хуаџијанг се протега над реката Бејпан, на надморска височина од 1.100 метри, 625 метри над речното корито, а е долг 2.890 метри и тежи повеќе од 22.000 тони.

Овој импозантен мост го скрати патувањето од 70 на само две минути, а ќе биде отворен за сообраќај за неколку недели.

- Advertisement -

До мостот ќе има стаклен лифт, кафетерија со поглед на драматичниот пејзаж. Pод мостот ќе има платформа за туристи со стаклен под, а ќе може да се направи највисокиот банџи скок во светот.

До мостот на Кањонот Хуаџијанг ќе биде изграден голем центар за посетители, кој ќе ги прикажува не само фазите на изградбата на мостот, туку и историјата на премостувањето на реката Бејпан, која започнала пред 125 години.

- Advertisement -

Интересно е и тоа што ова најново инженерско чудо е трет мост по ред што руши рекорди не само во светот, туку и преку оваа река.

Првиот рекорд е соборен во 2003 година кога мостот Беипанџанг Гуанксинг стана првиот висечки мост во светот на висина од над 300 метри. Потоа, во 2016 година долгиот мост Беипанџанг ја надмина висината од 500 метри, а сега е соборена и границата на висина од 600 метри.

- Advertisement -

(Pun Kufer)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -