Компанијата Мерцедес ја гради најголемата фабрика за автомобили во Унгарија, изјави министерот за надворешни работи и трговија на земјата, Петер Сијарто, пред 40-тата трка во Формула 1 за Големата награда на Унгарија.
По разговорот со претставниците на германскиот автомобилски гигант, Сијарто објави дека инвестицијата во Кечкемет во централниот дел на Унгарија напредува според планот и дека целосно нови модели на Мерцедес со најсовремена технологија ќе излезат од производствените линии веќе во првиот квартал од следната година, објавува Блиц Вест на унгарската новинска агенција МТИ.
Како што изјави, капацитетот на фабриката ќе биде 300.000 возила годишно, што ќе го доведе вкупното производство на автомобили во Унгарија до еден милион возила годишно.
„Соработуваме со Мерцедес за да ги искористиме глобалните тешкотии како предност за Унгарија. Германскиот производител е наш стратешки партнер. Заедно работиме на тоа ситуацијата предизвикана од неспособноста на Европската комисија и претседателката Урсула фон дер Лајен да ја претвориме во можност, за Унгарија да излезе од кризата посилна, како што тоа го правеше во минатото“, рече Сијарто.
Фото – Libre shot