Светските цени на храната се искачија на највисоко ниво од февруари 2023 година во јули, бидејќи наглото зголемување на цените на месото и растителните масла го надмина падот на цените на житарките, шеќерот и млечните производи, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Вредноста на светскиот индекс на цени на храната (FFPI) за јули е 130,1 поен, што е зголемување од 1,6 проценти во споредба со претходниот месец, според ФАО.
Индексот на цените на месото се зголеми за 1,2 проценти на нов рекорден максимум од 127,3 поени, поттикнат од повисоките цени на говедското и овчо месо, заедно со малото зголемување на цените на живината. Покрај тоа, индексот на цените на растителното масло скокна за дури 7,1 процент на тригодишен максимум од 166,8 поени, поттикнат од значителното зголемување на цените на палминото, соиното и сончогледовото масло, што го надмина падот на цените на маслото од канола.
Помали падови се забележани во другите категории. Индексот на цените на житарките падна за 0,8 проценти на 106,5 поени, индикаторот што ги следи цените на шеќерот за 0,2 проценти на 103,3 поени, а индексот на млечни производи за 0,1 процент на 155,3 поени.
Вкупната вредност на светскиот индекс на цени на храната (FFPI) за јули се зголеми за 7,6 проценти на годишно ниво, но во исто време беше за 18,8 проценти пониска од врвот во март 2022 година, се додава во извештајот на веб-страницата на ФАО.
Фото – Pxhere