Луфтханза ги продолжува летовите Скопје – Франкфурт претстојнава зима

- Advertisement -

И покрај првичните најави за прекин, германскиот авиопревозник „Луфтханза“ сепак ќе продолжи да лета меѓу Скопје и Франкфурт во текот на зимата 2025/26. Наместо целосна суспензија во февруари и март, компанијата ќе одржува три лета неделно — секој понеделник, петок и недела.

Оваа промена значи значително намалување на фреквенцијата, со оглед на тоа што во истиот период годинава се реализираа по десет лета неделно. За зимските месеци, распоредот предвидува десет ротации неделно во ноември и декември, а во јануари ќе се сведат на седум, без секојдневна услуга. Летовите ќе се изведуваат со авион од типот Ербас А319.

- Advertisement -

„Луфтханза“ ја воспостави оваа линија во април 2023 година, како дел од програмата за субвенционирани летови поддржана од македонската Влада. Во првата година беа превезени над 73.000 патници, додека во 2024 таа бројка се зголеми на над 105.000.

Паралелно со ова, Министерството за транспорт најави нови дестинации од Скопскиот аеродром. Од ноември, „Визер“ ќе започне со летови кон Мадрид и Стокхолм, а од декември ќе се додадат Прага, Бари и Келн. Се очекува и старт на линијата кон Ларнака, Кипар.

- Advertisement -

Во првите шест месеци од годинава, преку скопскиот и охридскиот аеродром се превезени околу 1,5 милион патници, што претставува раст од 5 проценти во Скопје и 11 проценти во Охрид.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -