Вчера стапија на сила нови забрани во ЕУ

- Advertisement -

Забраната за употреба на хемикалијата триметилбензоил-дифенилфосфин оксид (TPO) во козметичките производи стапи на сила во Европската унија на 1 септември.

Оваа супстанција, која се користи како фотоиницијатор во гел-лакови за нокти и UV премази, сега е забранета поради потенцијални здравствени ризици.

- Advertisement -

Забраната го опфаќа производството и продажбата на сите производи што содржат TPO, што ќе има значително влијание врз козметичката индустрија, особено салоните за нокти. Одлуката на Европската Унија е претпазлива и се базира на проценка на ризиците од долготрајна изложеност на супстанцата, а не на потврдени инциденти што вклучуваат корисници.

TPO е клучна состојка што им овозможува на UV геловите брзо да се сушат под LED или UV ламби. Европската агенција за хемикалии (ECHA) и Научниот комитет за безбедност на потрошувачите (SCCS) ја класифицираа како CMR 1B супстанца, што значи дека е токсична за репродуктивното здравје, потенцијален хормонски нарушувач и потенцијално, канцерогена.

- Advertisement -

Како одговор на оваа забрана, многу козметички брендови веќе почнаа да ги преформулираат своите производи. Наместо TPO, се користат алтернативи како TPO-L (етил триметилбензоил фенилфосфинат), кој не е класифициран како опасна супстанција и има слични својства при стврднување на гелови.

(Kamatica)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -