Ограничена достапност на Galaxy Store од 13 август
Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави партнерство со Netflix за лансирање на промоција со ограничено времетраење за хит-анимацијата KPop Demon Hunters. Почнувајќи од 13 август, Galaxy корисниците ќе имаат можност бесплатно да преземат специјално курирана колекција на теми за паметни телефони преку Galaxy Store – достапна без дополнителни трошоци, во ограничен временски период.
Колекцијата „KPop Demon Hunters“ опфаќа Lock Screen, Home Screen, AOD, Phone Screen, Message Screen и икони, со единаесет уникатни дизајни инспирирани од визуелниот идентитет[1] на филмот. Сетот вклучува една специјална тема посветена на измислената K-pop група HUNTRIX, како и десет ѕидни слики[2] со омилените ликови како Rumi, Zoey, Jinu, Derpy и Sussie.

Темите се дизајнирани да понудат доследно и визуелно привлечено корисничко искуство на Galaxy уредите. Во согласност со креативната насока на филмот, секоја тема го надополнува изгледот и чувството на интерфејсот, а притоа ги задржува стандардите на Galaxy за перформанси и употребливост.
Оваа соработка ја одразува континуираната посветеност на Samsung за проширување на искуствата базирани на содржина кои го збогатуваат секојдневието на Galaxy корисниците. Компанијата ќе продолжи да истражува креативни партнерства за да испорачува привлечни и персонализирани кориснички искуства што ќе резонираат со глобалната публика.
Достапност
Темите ќе бидат достапни до 23:59 часот на 30 септември 2025 година, преку посебна промотивна страница во Galaxy Store. По инсталацијата и стартувањето на апликацијата, корисниците ќе можат да ја преземат темата и ѕидната слика „KPop Demon Hunters“ преку промотивната страница[3].
About Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, дигиталните дисплеи, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и меморијата, системските LSI и полупроводничкото производство. Samsung, исто така, напредува во медицинската визуелизација, HVAC решенија и роботика, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку Harman. Со својот SmartThings екосистем, отворената соработка со партнери и интеграцијата на вештачка интелигенција низ целиот портфолио, Samsung обезбедува беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најнови вести, посетете ја Samsung Newsroom на news.samsung.com.