Фајзер купува производител на лекови за слабеење за 7,3 милијарди долари

- Advertisement -

Американскиот фармацевтски производител Фајзер соопшти дека ќе го купи производителот на лекови за слабеење Метсера во договор вреден до 7,3 милијарди долари, вклучувајќи ги и идните плаќања, за да ја обезбеди својата позиција на профитабилниот пазар за третман на дебелина.

Глобалниот пазар на лекови против дебелина, за кој се предвидува дека ќе достигне вредност од 150 милијарди долари до почетокот на 2030-тите, бележи силен раст во последните години благодарение на успехот на високо ефикасните терапии со GLP-1 од компании како што се Ново Нордиск и Ели Лили – кои жестоко се борат за доминација на пазарот.
Фармацевтските компании исто така брзо развиваат лекови од нова генерација за лекување на дебелина, вклучувајќи ги и оние што се насочени кон други хормони и помагаат во зачувувањето на мускулната маса додека се губи маснотијата, за да го обезбедат своето место на пазарот, пишува Ројтерс.

- Advertisement -

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, рече дека аквизицијата на Метсер „го лансира Фајзер во оваа клучна терапевтска област“ и ќе ја искористи експертизата на компанијата во кардиометаболизмот и глобалната инфраструктура за да го забрза развојот на лекови против дебелина од следната генерација.

Договорот доаѓа по неодамнешните неуспеси на „Фајзер“ во сопствените развојни напори со апчето за слабеење дануглипрон.

- Advertisement -

Компанијата го прекина развојот на верзија на дануглипрон што се зема еднаш дневно во април, откако кај еден пациент во испитувањето беше забележано можно оштетување на црниот дроб предизвикано од лекови, кое се реши по прекинувањето на терапијата. Развојот на верзијата што се зема двапати дневно беше прекинат на крајот на 2023 година поради разни несакани ефекти.

Најновото стекнување може да биде „значаен позитивен потег за „Фајзер“, позиционирајќи го со поробусен избор на лекови за слабеење што би можеле да се разликуваат по доза“, рече аналитичарот на „БМО Капитал“, Еван Сејгерман.

- Advertisement -

(Biznis.rs)
Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -