Утре во Скопје се одржува четвртата Соларна Конференција

- Advertisement -

Во среда, 24 Септември, во 11 часот во Александар Палас (сала 1), Здружението за сончева енергија, Солар Македонија ќе ја отвори четвртата Годишна Соларна Конференција.  Настанот е активност предвидена во рамките на годишниот план и работа на здружението.Целта на  настанот е информирање за најновите информации од енергетскиот сектор, најдобри практики од регионот како и информации за технологиите кои се достапни на пазарот со цел постигнување на најголема ефикасност. Предвидени се над 220 присутни, над 15 комерцијални презентации/излагачи од познати Светски брендови на сончева опрема и домашни реномирани компании.Предвидено е вмрежување и посета на изложбениот дел од 9 до 11 часот, а официјалното отварање е од 11 часот.

Во рамките на настанот ќе биде презентирана и услугата за бизнис дијагностика како можност за раст на домашните компании преку Швајцарскиот проект за модернизација  (Swiss Modernisation Project).

- Advertisement -

Соларната конференција ќе ја отвори претседателот на здружението, проф. д-р Илија Насов, а свои воведни излага ќе имаат, г-ѓа Сања Божиновска Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, а додека Амбасадорот на Италија во Северна Македонија г-дин Паоло Палминтери ќе додели благодарница за успешната соработка помеѓу Енерџи Ки Експо во Римини и Солар Македонија каде веќе неколку години сме присутни како бизнис делегација, а во 2026 ќе настапиме и со штанд.

Здружението за сончева енергија, Солар Македонија е стручно, научно, образовно и невладино здружение чии фокус е зајакнување на соработката меѓу македонските компании во секторот за сончева енергија (производители, изведувачи, увозници, трговци), како и поврзување на експерти и научници од сите научни гранки за промоција на обновливите извори на енергија. Организацијата работи на секое ниво во синџирот на добавување, од производство до сервис и одржување на сончевите енергетски системи, како и на промоција на сончевата енергија како одржливо решение за енергетските потреби. Брои над 100 домашни и интернационални членки.

Сподели!
- Advertisement -