Македонскиoт бренд  Ignea козметика се претстави на European Natural Beauty Awards  во Париз

- Advertisement -

Ignea козметика, е првиот македонски бренд кој беше дел од светски реномиран настан European Natural Beauty Awards (ENBA) кој се одржа на 29-ти септември во Париз. Во присуство на над 700 гости, меѓу кои преставници на козметички брендови, спонзори, познати личности од модната, филмската и индустријата за убавина, беа доделени наградите за најдобрите природни козметички производи.

Од над 1200 аплицирани брендови од Европа, Америка, Австралија и Азија, во финалето влегоа околу 200, со вкупно 217 производи, меѓу кои и Leda Lux Divine – луксузна крема за лице произведена во Ignea која на крај се најде помеѓу топ 20 креми за лице во светот. Одлуката ја носеа над 100 стручни судии, меѓу кои доминираа експерти од Cosmos Standard, организацијата која стои зад познатиот Eco Cert сертификат – глобален стандард за квалитет и природност во козметиката.

- Advertisement -

„Во Париз имавме можност да размениме искуства, достигнувања со нашите колеги, но и со останатите присутни. Претставивме дел од нашите производи, а експертите кои ги имаат формулирано Leda Lux Divine и Fit Face серумот добија огромни пофалби за квалитет, ефикасност и оргиналност на формулациите. Моја гордост е што производите на Ignea се целосно оригинални, сопствени формулации, создадени низ 12 години истражување, учење, падови и подеми. Зад нив стои наука, технологија и холистички пристап – познавање на анатомија и физиологија на кожата, фитотерапија, ароматерапија, технологија на козметичко производство и аналитика на готов производ“, вели Јана Цветковска Лазаревска, креатор на Игнеа, фармацевт и специјалист по фитотерапија.

Иако не се закитивме со официјална статуетка, аплаузот, интересот, ракувањето и почитта што ги добивме во Париз се најголемата награда. Тие се доказ дека иако од мала држава, нашата мала компанија се базира на љубов, знаење и посветеност, и можеме гордо да стоиме рамо до рамо со најголемите имиња во светот на природната козметиката“, потенцира Цветковска Лазаревска.

Сподели!
- Advertisement -