ETHERGRAF® и GRAFEEX: PININFARINA револуцијата во светот на пишувањето достапна на македонскиот пазар!

- Advertisement -

Името Pininfarina одамна е синоним за врвен дизајн, дури и за оние кои не го следат автомобилизмот, од каде што потекнува најголемата препознатливост на брендот што ги исцртал линиите на најиконичните модели на Ferrari или Maserati. Но, водечката светска дизајнерска куќа основана во Торино во 1930 година, со истата елеганција, чистина и иновативност – клучните поими во нејзиниот дизајнерски јазик, креирала и луксузни часовници, архитектура и апарати за домаќинство. Со богатото искуство во визионерското согледување на сценаријата што ги носи иднината, Pininfarina продолжува да дизајнира иновативни решенија кои го поместуваат прагот на функционалноста и естетската рафинираност, а колекцијата инструменти за пишување Pininfarina Segno e новото поглавје од оваа приказна.

Проектот е резултат на визијата за креирање свежи искуства и отворање нови перспективи, од аспект на дизајнот, технологијата, материјалите и употребата на инструментите за пишување. Од Pininfarina Segno потцртуваат дека идејата не е едноставно проширување на портфолиото со нови производи кои ќе го носат дизајнерскиот печат на Pininfarina, туку создавање на „креативна опсерваторија“ што ќе селектира и соработува со брендови кои заслужуваат поголема видливост поради своите извонредни иновации, креативност, визии, хармонизирани со суштинските Pininfarina вредности.

- Advertisement -

Едно од најпрепознатливите обележја на колекцијата Pininfarina Segno е патентираниот материјал ETHERGRAF®, металната легура инспирирана од сребрениот молив користен од Леондардо да Винчи, со кој ренесансниот гениј ги надминувал ограничувањата на јагленот како средство за цртање.

Стилусите Pininfarina Segno со врвови од ETHERGRAF® пишуваат со микроскопско „гребење“ на хартијата, која ја оксидираат оставајќи трага како графитот, но трајна како да е напишана со мастило. Врвовите од ETHERGRAF® се практично непотрошливи, што значи можат неограничено да пишуваат. Кај овие стилуси, како што велат нивните креатори, целта не е да ги заменат вообичаените алатки за пишување, туку да одат понатаму, преку претставата за функционалноста, трансформирајќи се во совршено дизајнирани инструменти спремни да одговорат на потребите на оние кои секогаш имаат што да кажат, пишувајќи или скицирајќи.

- Advertisement -

Програмата инструменти за пишување Pininfarina Segno веќе неколку години е достапна на нашиот пазар, на онлајн продавницата hart.mk. Производите се увезени во Македонија, така што испораката е многу брза, во Скопје веќе во рок од 24 часа.

Покрај стилусите со врвови од ETHERGRAF®, во портфолиото на Pininfarina Segno се наоѓа уште една линија производи кои револуционерно ги надминуваат ограничувањата на инструментите за пишување, во овој случај на традиционалниот молив. Името на иновацијата е GRAFEEX, a се однесува на материјалот добиен со специјален процес на обработка на поединечните графитни честички. Резултатот е графит од нова генерација, што го менува концептот за молив, задржувајќи ги неговите препознатливи карактеристики. Врвот од GRAFEEX не се остри, трае исклучително долго, а се менува со едноставно одвртување од алуминиумското тело на инструментот.

- Advertisement -

Моливите GRAFEEX доаѓаат во рачно опшиени елегантни футроли од рециклирана кожа, а нивната спојница за закачување е достапна во повеќе бои, на hart.mk.

За крај, што би можеле да кажеме подобро, од „убавината секогаш остава неизбришлива трага“. Така тврдел Паоло Пининфарина, извршниот директор на италијанската дизајнерска куќа од 2008 до 2024 година.

Сподели!
- Advertisement -