Истанбул го престигна Лондон Хитроу и стана најпрометниот аеродром во Европа

- Advertisement -

Аеродромот во Истанбул (IST) официјално го престигна Лондон Хитроу (LHR) и стана најпрометниот аеродром во Европа во 2025 година, според податоците за бројот на достапни седишта на комерцијални летови. Во текот на октомври оваа година, Истанбул регистрираше 4,53 милиони достапни седишта, додека Хитроу имаше малку помалку – 4,47 милиони.

Овој раст е главно поттикнат од Туркиш ерлајнс, кој значително ја прошири својата мрежа на летови во последните години и сега го поврзува Истанбул со повеќе од 350 дестинации низ целиот свет. Националната авиокомпанија на Турција планира понатамошно проширување – до 2033 година тие имаат намера да ја зголемат флотата на 800 авиони, што би го направило еден од најголемите глобални превозници.
Во исто време, аеродромот во Истанбул е во фаза на голема експанзија, со амбициозни планови да стане најголемиот аеродром во светот, со капацитет од 200 милиони патници годишно.

- Advertisement -

Другиот аеродром во Истанбул, Сабиха Ѓокчен (SAW), не е далеку зад него. Се наоѓа на азиската страна од градот и доживува брз раст благодарение на нискобуџетните компании како што се „Пегасус ерлајнс“ и „Ајџет“, што дополнително ја зајакнува позицијата на Истанбул како глобален авијациски центар.

Истанбул (IST): 4,53 милиони достапни седишта (октомври 2025 година)
Лондон Хитроу (LHR): 4,47 милиони седишта
Туркиш ерлајнс: над 350 дестинации, цел – 800до 2033 година.
Капацитет на аеродромот во Истанбул: 200 милиони патници годишно

- Advertisement -

Фото – Wikimedia commons

Сподели!
- Advertisement -