Секоја секунда се активираат три нови веб страници!

- Advertisement -

Google, YouTube, Facebook, Instagram и Twitter се најпосетени страници на Интернет. Ширум светот ги користат 64,9% од светската популација

Иако има над милијарда активни веб страници ширум светот, во секоја секунда се активираат три нови. Според податоците на платформата за дизајн и развој на веб страница Siteefy, околу 10.500 веб страници се стартуваат секој час ширум светот, 175 страници секоја минута или три страници секоја секунда.

- Advertisement -

Околу 18% од сиет веб страници активно се користат, при што најпосетени се Google, YouTube, Facebook, Instagram и Twitter. Кога е во прашање просечното времетраење на посетите корисниците поминуваат 10 минути и 38 секунди на Google, 20 минути и 25 секунди на YouTube, 10 мимути и 43 секунди на Фејсбук, 8 минути и 22 секунди на Инстаграм и 10 минути и 47 секунди на Твитер.

Според податоците на германската компанија за статистички податоци Statista во април 64,9% (5,18 милијарди) од светската популација користеле интернет, а 59,9% (4,8 милијарди) користеле социјални мрежи.

Северна Европа има најголема стапка на пристап во светот. Со речиси 100% пристап до Интернет предничат Норвешка, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Азија предничи по бројот на корисници на Интернер со 2,93 милијарди, а следи Европа со 750 милиони корисници.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -