Нови цени на горивата во земјава

- Advertisement -

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за половина денар за еден литар, додека цената на дизелот се зголемува за еден денар, објави Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста, додека цената на мазутот се зголемува за 0,856 денари за килограм.

Според новата одлука на Регулаторната комисија, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 74 денари за едн литар, Еуросупер БС-98 за 76, а Еуродизел за 71 денар за литар. Маслото за горење ќе чини 69,50 денари, а мазутот 36,913 денари.

- Advertisement -

Фото – Peak-px

Сподели!
- Advertisement -