Американски научници создадоа мотор кој не користи ниту електрична енергија, ниту фосилни горива

- Advertisement -


Американски инженери развија еколошки мотор кој се напојува исклучиво од температурната разлика помеѓу Земјата и вселената, не користејќи ниту електрична енергија, ниту фосилни горива. Новиот мотор, развиен од тим предводен од Џереми Мандеј од Универзитетот во Калифорнија, го користи амбиенталното зрачење на Земјата за да изврши механичка работа и да генерира електрична енергија.

Како што е објавено, уредот е базиран на Стирлинг мотор, а според Мандеј, ваквите мотори се многу ефикасни кога има мали разлики во температурата. Заземјена алуминиумска плоча со дебелина од пет сантиметри служи како топол пол, а новиот мотор ја користи температурата на просторот како ладен пол. Затоа, таа е поврзана со друга плоча која емитува инфрацрвено зрачење во вселената благодарение на посебен вид боја и на тој начин се лади, се наведува во студијата.

- Advertisement -

Како што објасни Мандеј, уредот не треба да има физички контакт со просторот, туку само преку интеракција преку зрачење.

Студијата додава дека моторот произведува моќност од најмалку 0,4 вати на квадратен метар површина што зрачи, што е доволно за да се покрене мал вентилатор. Истражувачите наведуваат дека овој принцип би можел да се користи во иднина, на пример, за ладење на стакленици или станбени згради ноќе. Со таков мотор, електрична енергија би можела да се произведува и преку генератор.

- Advertisement -

Единствениот недостаток на машината е што таканареченото пасивно ладење работи само ноќе, бидејќи само тогаш уредот емитува доволно инфрацрвено зрачење во вселената за да ја одржи температурната разлика потребна за работа на моторот.

(Science Advances)

- Advertisement -

(фото: Freerange Stock)

Сподели!
- Advertisement -