Apple призна дека намерно ги прави побавни старите модели на iPhone

- Advertisement -

Компанијата Apple деновиве ги потврди гласините дека нетранспарентно го забавува работењето на старите модели на iPhone. Признанието ги разочара и некои од најголемите фанови на брендот.

Претходно критичари ја обвинуваа компанијата без докази дека ги забавува телефоните за да ги предизвика корисниците да ги купат најновите модели на iPhone. Иако Apple излезе со признание, од компанијата изјавија дека тоа го правеле од алтруистички причини – да спречат старите модели да се расипат неочекувано, пишува Business Insider.

- Advertisement -

Овој изговор уште толку ги разочара фановите. Од она што компанијата го изјави, вакви дејствија биле преземани од минатата година наваму, но не објаснија зошто досега не биле транспарентни во однос на оваа одлука.

Корисниците сега се прашуваат дали Apple крие и други детали околу своите уреди. Критичарите велат дека оваа репутација компанијата ќе ја носи барем една деценија. Без разлика кои се вистинските причини за забавувањето на телефоните, од Apple требало веднаш да изјават дека го прават ова или барем со своите клиенти и програмери преку дебата заедно да ја развиваат опцијата.

Сподели!
- Advertisement -