“ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ”: Компаниите кои создаваат 75% од македонскиот извоз

- Advertisement -

Специјализираниот портал ИзвозМК ја издаде шестатa по ред специјална едиција “ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025”, единствената публикација што ги рангира најголемите и најуспешни извозни компании во Северна Македонија.

Целта на изданието е да ја истакне улогата и значењето на извозните компании, да промовира успешни практики и стратегии, и да ја зголеми свесноста за значењето на извозот како двигател на економскиот раст, конкурентноста и развојот на државата, особено за мала економија како македонската.

Според најновото издание, вкупната вредност на извозот на 100-те најголеми извозни компании во 2024 година изнесува 5,83 милијарди евра, што претставува намалување од 6,5% во споредба со претходната година, кога биле остварени 6,2 милијарди евра извоз.
Вкупните приходи на најголемите 100 извозни компании лани достигнале 7,8 милијарди евра, што е намалување од 3,6% на годишно ниво.

Најголемите 100 извозници создааваат дури 74% од вкупниот извоз на државата, што ја потврдува стратешката важност и значењето на овие компании за националната економија.

- Advertisement -

Индустријата за автомобилски делови доминира на листата 100 најголеми извозници со 20 компании, кои во 2024 година оствариле вкупен извоз од 3,65 милијарди евра, што е пад од 11,9% во однос на 2023 година.
Овие компании создаваат 46,3% од вкупниот извоз на државата во 2024 година. Тие лани работеле со профит од 89,3 милиони евра и вработувале 34.165 лица.

Индустријата за храна и пијалоци е најбројна на листата 100 најголеми извозници со 21 компанија, кои во 2024 година оствариле вкупен извоз од 229 милиони евра, раст од 17,1% во споредба со 2023 година.
Најбројни меѓу големите извозници на храна се компаниите од кондиторската индустрија и индустријата за преработка на овошје и зеленчук.

Во 2024 година, 100-те најголеми извозни компании од Македонија вработувале близу 56 илјади лица. Од најголемите 20 работодавачи, дури 15 се од автомобилската индустрија, што уште еднаш ја потврдува нејзината доминантна улога и големата изложеност на македонската економија, кон една конкретна индустрија.

Вкупниот профит на ТОП 100 извозници изнесувал 410 милиони евра во 2024 година, раст од 13,4% во однос на претходната година.

- Advertisement -

Во годинешното издание по трет пат го објавуваме прилогот КОЈ Е КОЈ ВО ТРАНСПОРТОТ И ЛОГИСТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА. Во прилогот ги рангираме најголемите и најпрофитабилни компании во транспортот, логистиката и шпедицијата, бидејќи во време на неизвесност, фрагментација и прекинати синџири на снабдување, стабилен и сигурен логистички партнер претставува клучна конкурентска предност во глобалната економска трка.

Повеќе инормации за едицијата “ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025” можете да прочитате тука.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -