ЕП повикува на забрана за алгоритми што создаваат зависност и 16-годишна возраст за социјалните медиуми

- Advertisement -

Европскиот парламент вчерс усвои извештај во кој се повикува на ограничување на пристапот до социјалните медиуми за лица под 16 години и забрана на технологии што се штетни за менталното здравје на малолетниците, како што се алгоритмите што се насочени кон зависноста на корисниците.

“Ние сме во центарот на експеримент во кој американските и кинеските технолошки гиганти имаат неограничен пристап до вниманието на нашите деца и млади луѓе”, рече Кристел Шалдемозе, данска социјалистичка и демократска европратеничка и известувач за незаконодавниот извештај, кој беше усвоен во среда со 483 гласа „за“ и 92 „против“.

- Advertisement -

Таа предупреди дека 50% од малолетниците се постојано на своите паметни телефони и дека социјалните мрежи се дизајнирани да обезбедат допамински удари и на тој начин да создадат зависност, бидејќи без мобилен телефон создава чувство на празнина и вознемиреност.

Родителите сами немаат сила сами да се борат против технолошките компании и алгоритамските системи, поради што дејствувањето на политичарите е клучно, рече Шалдемозе.

- Advertisement -

“Конечно повлекуваме граница. Испраќаме јасна порака до платформите: вашите услуги не се наменети за деца. И експериментот завршува тука” додава таа..

Нејзиниот извештај предлага минимална возрасна граница од 16 години за пристап до социјалните мрежи, платформите за споделување видеа и алатките за вештачка интелигенција. На малолетници на возраст од 13 до 16 години би можело да им се дозволи пристап со родителска согласност.

- Advertisement -

Парламентот повикува на посилна проверка на возраста на корисниците, а воедно да се заштити нивната приватност, што беше една од темите на спор во дебатата во понеделник, бидејќи некои европратеници сметаат дека ова е тешко да се постигне.

Извештајот, исто така, предлага забрана за зависност предизвикана од практики како што се бесконечно скролување, содржина за автоматско пуштање и системи што наградуваат најдолго можно користење на мобилни телефони.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -