Историски лет: Првото лице со инвалидитет отпатува во вселената

- Advertisement -

Германката Михаела Бентхаус стана првото лице со инвалидитет кое отиде во вселената, летајќи на ракетата Blue Origin, во сопственост на милијардерот Џеф Безос.

Таа и уште пет патници тргнаа на вселенското патување од Западен Тексас, оставајќи ja зад себе инвалидската количка што ја користи поради сериозна повреда што ја здобила во сообраќајна несреќа со велосипед пред седум години

- Advertisement -

Неа ја придружуваше поранешниот извршен директор на Space X, Ханс Кенигсман, исто така роден во Германија, кој помогна во организирањето и спонзорирањето на нејзиното патување, заедно со компанијата на Безос.

Цените на билетите за патувањето не беа објавени.

- Advertisement -

За 10-минутниот лет беа потребни само мали адаптации на капсулата New Shepherd, прилагодени на потребите на Пентхаус, соопшти Blue Origin.

Во исто време, беа инсталирани специјален лифт и платформа за да може да стигне до капсулата на врвот на ракетата.

- Advertisement -

Бентхаус, којa воопшто не може да оди поради повреда на ‘рбетот, се подготви за овој лет со завршување на дел од програмата за обука на Европската вселенска агенција во Холандија, како и двонеделна симулација на вселенска мисија во Полска.

Никогаш навистина не помислив дека вселенскиот лет може да биде реална опција за мене, бидејќи тоа е голем предизвик дури и за целосно здрава личност“, рече таа пред мисијата.

Меѓу претходните вселенски патници на компанијата имаше луѓе со намалена подвижност, како и оние со оштетен вид или слух, како и брачен пар во 90-тите години.

(Bizlife)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -